Три лица меѓу кои и обвинителот од Драч, Арјан Ндоја се ранети откако на нивното возило е пукано во движење. Дошло до пукотница додека возилата се приближувале едно кон друго. Сите се превезени во болница и се надвор од животна опасност.

Медиумите додаваат дека најверојатно цел на нападот бил Ндоја, кој во неколку наврати постојано се поврзуваше со организираниот криминал, за што зборуваше и албанскиот премиер Еди Рама.