Албанија, земја-членка на НАТО објави на Интернет чувствителни информации за своите највисоки оперативци, објавувајќи детали за нивниот идентитет, автомобили, оперативните задачи, каде патувале, па дури и нивните дневни навики, каде се движеле до тоа колку биле плаќани, објави британски „Индепендент“, а пренесуваат албански медиуми.
Да биде скандалот поголем, платите на некои од шпионите се објавени на интернет страницата на Министерството за финансии, каде е објавено богатството на некои од државните оперативци. Експерти наведуваат дека станува за голем и опасен скандал од безбедносен аспект кој може да има меѓународни последици, затоа што е објавено дури и каде тие оперирале, кои се нивните водоводџии или механичари кои им ги поправаат возилата. Инаку, во Албанија агенцијата е позната под името ШИШ, наследничка на злогласната Сигурими, од кои двајца се стационирани во седиштто на НАТО во Брисел.
Некои од нив работат под дипломатска закрила во Белгија, Грција, Косово, Италија, Македонија и во Србија.
Весникот „Индепендент“ не ги објавува нивните имиња наведувајќи дека редакцијата тоа го прави за да не се прошират имињата на оперативците и на други платформи низ Интернетот.
Претставник на ШИШ изјавил дека „тие работеле според принципите на агенцијата на тајност, но и дека морале да дадат финансиски извештај како што е пропишано“.
Сега оперативците можат да бидат цел на разноразни напади или уцени или од криминалци, или од странски шпионски организации, зашто сега преку албанските шпиони може да се навлезе и во системот на НАТО.
Во Алијансата не сакаа да коментираат за скандалот со ШИШ.
Според тоа што го објавува Министерството за финансии, во ШИШ се вработени 913 лица. Едно од нив е објавено со цело име и презиме со сите податоци во личната карта. Станува збор за жена од Драч кај која е забележана трансакција од 18.000 британски фунти, а друга трансакција изнесувала 1.500 фунти и е направен за агент од Ѓирокастро.
Comments are closed for this post.