Во Црна Гора официјално започна со емитување на радио-програма „Фатих”, првото исламско радио во земјата, иницирано од Исламската заедница во Црна Гора и медресата „Мехмет Фатих”.

Засега радиото може да се слуша само на подрачјето на Подгорица, а планирано е до половината од 2019 година, да се постават приемници во сите градови каде што живеат муслимани во Црна Гора, пренесува Анадолија.

Мисијата на радиото е да го претстави исламот во светлината на средниот пат, она што исламот е во суштина, како една мирољубива религија, која го почитува човекот животот и светоста на човековиот живот и неговото достоинство, изјави директорот на радиото „Фатих”, Енис Бурџовиќ.