Извештајот на италијанските разузнавачки служби за постоење на најмалку 20 џихадистички ќелии на Балканот, исфрли во прв план една  со звучното име- „балкански лавови“ како „инкубатор на заканите за Европа“.

Задачата на оваа група, според италијанските разузнавачи, е да ги „зајакне периферните зглобови“ на движењето ИСИС во европските градови, што во превод значи – организирање и извршување терористички напади на стариот континент. Сепак, историјата на оваа група покажува дека веќе имала многу крв на рацете.

Кои се „балканските лавови“

Оваа група  е создадена од најозлогласените повратници од редовите на ИСИС од бојното поле на Блискиот Исток, кои по потекло се од Балканот. Главата му е на Косово и Метохија, а пипците ги шири во форма на ќелии во Албанија и  Македонија.

Првата поголема терористичка акција на„балканските лавови“ е крвавиот напад во Виена во ноември 2020 година. Кујтим Фејзулаи, Албанец со двојно државјанство на Австрија и на Македонија, носејќи автоматска пушка, пиштол и мачета, уби четворица и рани најмалку 22 жители на австриската престолнина пред да биде ликвидиран од полицијата. Истрагата утврдила дека тој бил регрутиран и радикализиран токму од „балканските лавови“.