Сабрина Лекај е пронајдена мртва на предното седиште на својот „мерцедес“ во Аделаида Австалија половина час пред полноќ на 250 метри од нејзинот дома, објавува „7newsAdelaide“.

20 годишната Сабрина ја убил нејзиниот татко затоа што доцна се вратила од вечерното излегување.

Студентката на пријателите им се пожалила дека се плаши оти татко и ќе ја кара бидејќи задоцнила со враќањето дома.

Неколку часови подоцна било пронајдено нејзиното тело во автомобилот заедно со таткото кој имал сериозни повреди.