Косово има нов преговарач во преговорите со Србија. Тоа е Фатмир Љимај, кој предивика револт во Белград и Брисел. Љимај треба да седи на иста маса со претседателот Вучиќ и со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Љимај е актуелен потпретседател на владата и поранешен командант на УЧК.

Бил член на озгласената група која 1998 година изврши злосторство врз српски цивили и телата ги фрлиле во варовник за да ги прикријат трагите, пишува srbijadanas. Пред една година Врховниот суд на Косово го одбил барањето на Обвинителството да биде поништена пресудата според кој е ослободен за убиството на цивилите.

Во извештајот на известувачот на Советот на Европа, Дик Марти, Љимај се споменува како водач на Дреничката група која била „одговорна“ за трговија на органи.

Поради воените злосторства кои ги има направено се најде и под обвинение на Хашкиот трибунал но беше ослободен.