Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, му се заблагодари на кинескиот амбасадор во Црна Гора, Лиу Џин, за донацијата на 30.000 вакцини што Кина ќе ги испрати во Црна Гора, соопшти Владата на Црна Гора.
Амбасадорот Џин рече дека оваа донација е уште еден показател за одлична билатерална соработка меѓу двете земји и изјави дека овој чин е само показател за традиционално добрите односи.
Абазовиќ изрази длабока благодарност до амбасадорот Џин и Кина за чинот на солидарност и изјави дека донацијата е доказ за искрени односи меѓу Црна Гора и Кина.
Тој рече дека донацијата значително ќе му помогне на црногорскиот здравствен систем во борбата против Ковид-19.
Comments are closed for this post.