Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ од Злот, кој е осомничен за убиството на малата Данка Илиќ, беше во  обвинителството во Зајечар, каде не даде исказ како привилегиран сведок.

Светлана таму го сретнала сопругот Радослав и се прегрнале.  Тој се уште се брани со молчење, а полицијата го спроведе низ спореден влез за да не го фотографираат медиумите.

– Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок во однос на Радослав Драгијевиќ, кој е нејзин сопруг и син Дејан Драгијевиќ. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ.