Дека членките на ЕУ ветото го користат како механизам за остварување на своите потреби кои немаат врски со Копенхашките критериуми доказ се и односите меѓу Хрватска и Црна Гора.

Хрватските власти на самитот во Тиват најавија дека ќе ја блокираат Црна Гора на патот кон ЕУ ако не вратат брод. Да добро прочитавте-брод.

Се работи за бродот „Јадран“ кој некогаш бил воен а сега се користи како школски и е во сопственост на Црна Гора.Хрватска смета дека пловилото треба да им припадне ним бидејќи до војната во Југославија матично пристаниште било Сплит.

Бродот е направен во 1930 година во Хамбург а го нарачала југословенската кралска морнарица на чело со Александар Караџорѓевиќ.

Најдолгото патување на бродот „Јадран“ (11.262 наутички милји) било на релацијата Дубровник-Њујорк-Бостон-Дубровник од 20 април 1938 година до 21 јуни 1938 година.

За време на Втората светска војна „Јадран“ бил користен од италијанската морнарица, под името „Марко Поло“. Со капитулацијата на Италија започнува тешкиот период за бродот. Запоставен, ограбен, ограбен, без јарбол, го дочекал крајот на војната во еден од каналите во Венеција каде што служел како мост. Во 1946 година, „Јадран“ бил одвлечен до институтот за ремонт „Сава Ковачевиќ“ во Тиват, каде што бил ремонтиран до 1949 година.