Денеска почнува Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват. Овој самит се одржува во сенка на случувањата со Србија откако црногорските власти вратија чартер авион во кој наводно биле безбедносно проблематични лица. Ситуацијата дополнително се загреа отако српската БИА го предупреди Вучиќ да не патува во Црна Гора бидејќи таму се крие нарко босот Радоје Звицер.

Сепак Вучиќ реши да патува во Тиват каде вчера се појавија транспаренти против него.