Премиерот  Зоран Заев, утрово гласаше во Струмица.

Денеска со одлуката граѓаните прават исто како во минатото, во сите пресудни моменти за Република Македонија носејќи сериозни, важни одлуки, со што го трасираат патот на нашата земја за иднината на наредните генерации кои што доаѓаат после нас. Денеска навистина е вистински празник. Јас, денеска очекувам, преку масовноста во гласањето, со големиот одзив уште еднаш да се потврди и мултиетничкото единство на нашите граѓани и севкупното политичко единство на граѓаните надвор од било која политичка партија или политички определби“, рече Заев по гласањето.

Премиерот изрази очекување дека  Собранието ќе ја следи мнозинската одлука на граѓаните, која како што рече денеска ќе биде јасен правец во која насока треба да се движи нашата земја.

Секако очекувам после овие одлуки, Македонија конечно да ги постигне своите стратешки цели, да биде членка на најмоќниот воен сојуз во светот – НАТО, и да биде членка на најсилната економска унија во светот Европската Унија. Нека ни е со среќа почитувани граѓани на Република Македонија, нека е со среќа на нашата земја, рече Заев.