Рашел се спасила од земјотресот, а нејзините родители и вујко биле пронајдени под урнатините

Рашел Леви Друмер е Еврејка со македонското потекло и за Скопје ја врзуваат многу убави но и тажни спомени. За време на земјотресот во 1963 година и загинуваат родителите и вујкото, a таа се спасила бидејќи тој јули далечнта 63-та била на гости кај бабата и дедото во Битола.

Зградата во која живеела Рашел заедно со нејзините родители се наоѓала на улицата Народен фронт близу сегашната Арапска куќа и целата се срушила.

Вели дека животот во Скопје и во Битола бил многу убав и дека немало никаква разлика оти таа е Еврејка . Се сложувале со соседите, имале многу пријатели, а после катастрофалиниот земјотрес кој го срамни Скопје со земја сите дошле да помогнат и да ги утешат во тие тажни денови нејзе и нејзините баба и дедо.

Еден месец по земјотресот бабата и дедото одлучуваат да заминат во Изреал и таму ги погребале родителите.

Јас живеев со баба и дедо кои многу ми зборуваа за моето семејство, за мајка ми и татко ми но и за семејството кое беше изгубено пред земјотресот во Холокаустот. Околу 120 членови на нашето семејство беа загубени во Треблинка и во Холокаустот.Јас бидејќи сум единица на мене е ова сеќавање да се зачува-раскажува Леви за Пресинг ТВ.

Таа вели дека иако одамна е преселена, Македонија и е како дома и дека има две татковини. Леви, која е доктор по био статистика на еден од најголемите Универзитети во Изреал  активно работи на унапредување на односите со Македонија.

Со тага се сеќава и раскажува за 63-тата и Скопје. Утро­то на 26 ју­ли во 1963 го­ди­на, во 5 ча­сот и 17 ми­ну­ти, зем­јо­трес со ја­чи­на од 6,9 сте­пе­ни спо­ред Ри­хе­те­ро­ва­та ска­ла го срам­ни Скоп­је со зем­ја и го оста­ви гра­дот без си­те вр­ски со све­тот.  Под урнатините од скопскиот земјотрес животот го загубиле 1.070 негови граѓани, биле повредени над 4.000 граѓани, око­лу 200.000 оста­наа без по­крив над гла­ва­та, 28.000 до­мови беа оште­те­ни и не­што по­ве­ќе од 15.000 ста­но­ви беа ур­на­ти.

Најнови видеа