Се уште постојат стереотипи околу лицата, не само со мултиплекс склероза, туку за лицата кои имаат телесен инавалидитет. Можеби не во смилсла на дискриминирани или оштетени, меѓутоа, за жал, секогаш се смеетаат за лица од втор ред, изјави за камерата на ПресингТВ, Христина Просковска, претседател на здружението „Мобилност Скопје“ на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со мултиплекс склероза.

Христина, која и самата боледува од оваа болест, сведочи дека лицата со МС и вооопшто со телесен инвалидитет се уште се неатрактивни на пазарот на труд, во училиштата, во опкружувањето, но сепак додава таа, во декадата која изминала јавната свест кај луѓето е подигната, а тоа резултира лицата со телесен инвалидитет да имаат по квалитетен живот.

Дискриминацијата кон лицата со телесен инвалидитет се намалува. Започнуваме да доаѓаме на ниво, да се приближуваме кон нултата точка на некаква толерантност во одос на животот на луѓето со инвалидитет“, вели во разговор Христина Просковска.

Таа признава дека во однос на пристапот до лекови и помагала за овие лица, воопшто не може да се носиме со развиените држави, каде како што вели претседателката на „Мобилност Скопје“, се чини дека таму државата повеќе се грижи за нив отколку самите пациенти за себе си.

Проскоска открива дека желба и иницијатива на Здружението, во соработка со Клиниката за Неврологија лани во државата донесен е нов тип на терапија, што се користи во секунударна фаза од болеста, а која влева надеж меѓу пациентите дека конечно е најдено некакво решение за нивната состојба, но вели лекот е многу скап.

Таквиот лек е многу скап, како и останатите за оваа болест и автоматски според бројката на пациенти сме дефицитарни кој може да ги користат. Затоа што ако сме 1600 заболени во нашиот регистар на пациенти, овој нов лек лани беше овозможен само за седум лица, што е многу малку, изјави Проскоска за ПресингТВ.

Од Здружението апелираат надлежните да овозможат поголема достапност на ваквите терапии и грижа околу лицата со МС и воопшто со телесна попреченост.

„Мобилност Скопје“, Светскиот ден на лицата заболени од мултиплекс склероза го одбележи на плоштадот „Македонија“ со кампања насловена „Болест со 1000 лица“.