Лидерите на СДСМ и на ДУИ веќе 90 отсто го имаат постигнато договорот за новиот формат на Владата и во наредните денови се очекува да биде соопштен, најави потпретседателот на ДУИ Изет Меџити во емисијата „Патот кон“ која се емитува вечерва на телевизијата Алсат М.

Според него, тоа треба да биде Влада „Заев2“, која би се концентрирала на економијата и на капиталните инвестиции.

– Ако ме прашувате за имиња, не ги знам – вели Меџити.

Инаку владиниот ремонт е почнат со смена на некои од советниците на Заев, а ако се суди според извештајотна Европската комисија може и да се наслути кои од слабите министри ќе бидат рециклирани.