Oткако СДСМ призна дека нивниот лидер Венко Филипче има златна виза во Дубаи, „Пресинг ТВ“ ги провери кои се условите да се добие златна виза за Обединетите Арапски Емирати.

foto collage

Златна виза се добива со инвестиција од најмалку 550 000 американски долари или ако имаш валидна лиценца за работа во Дубаи. Филипче, според информациите до кои дојде „Алфа ТВ“ визата ја добил како Директор за инвестиции и менаџмент.

Значи не ја добил како лекар бидејќи за да работиш како доктор треба да имаш минимум пет години стаж во ОАЕ во дејноста за која си квалификуван. Значи Венко не го исполнува ни овој услов за добивање на виза.

 

Златната виза  Филипче ја добил во септември 2023-та година, само седум месеци пред изборите и падот на власта на СДСМ, а му трае цели 10 години.Тој требало да работи на престижната функција изврешен директор во компанија, во познатата економската зона „Рас Ал Каиман“ во Дубаи.

Други поволности

Сопругите и децата на носителот на златната виза имаат право на непречен престој во Дубаи и можност за студирање.