Претседателот на државата Стево Пендаровски утрово положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Пендаровски му оддаде почит на Делчев по повод 152-годишнината од раѓањето.
На вечното почивалиште на Гоце Делчев цвеќе положи и делегација на техничката Влада, предводена од првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.
Забележително беше отсуството на техничкиот премиер Талат Џафери кој не дојде да му оддаде почит на македонскиот великан.
Comments are closed for this post.