Ако сака да ја толкува историјата, Георгиевски треба да ја раскаже и онаа која се однесува на продажбата на ОКТА.

Ова, меѓу другото, во фејсбук статус го пишува поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, кој моментно не е активен во политиката.

Реакцијата на Јовановски следи по контроверзните предлози на поранешниот премиер, Љубчо Георгиевски, за разрешување на македонско-бугарскиот спор и неговиот настап на ТВ-дебата на ТВ 24 во која себе си се опиша како личност, кој секогаш кршела табуа во македонската политика. Предлозите, според него, биле мотивирани од опасноста да изгубиме нови 20 години и во односите со Бугарија.

-Нема да мрднеме напред како општество додека не почнеме работите да ги кажуваме отворено и директно. Еве на пример, Љубчо Георгиевски и понатаму мртов ладен ни кажува што треба да правиме, ни ја толкува историјата… Не е тој крив што досега не му е дадена шанса да ја раскаже историјата за договорот со ОКТА, напиша Зоран Јовановски на својот фејсбук профил.