Заев и Николовски не може да се борат против корупцијата, зошто тие се извор на корупција. Нема крими афера во која не се спомнува Заев или некој негов близок соработник. Заев и Николовски се премиер и министер во најкорумпираната влада во Европа според Транспаренси интернешенал и хибриден режим според Економист. Тие се причината за тонењето на Македонија. СДСМ ветуваше правда, а завршија со реформи како набавка на компјутери и веб страници, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо суштинска борба се се сведе на празни прескоференции. Владата не кажа до каде е случајот со случајот Рекет и торбата со пари, која според Бојан Јовановски, кој ја носеше, кажа дека завршила кај Зоран и Вице Заеви. Нема постапка ниту за Ден Дончев кој видовме како става туциња пари во торба и рекетира фирми. Заев мисли дека со неговата оставка го спасил и него и себе, а заборава дека еден ден и двајцата ќе одговараат. Нема предмет ниту за криминалот од половина милијарда евра, кој се случи со пропаѓањето на Еуростандард банката и давањето на маркица за ШИК ЈЕЛАК, велат од партијата.

Заев го тргна од клучна позиција Рашковски и мисли дека го спасил и него и себе. Одговорност ќе има. И за Леонардо и за Сар Хемс. Ќе има истраги и разрешници и за струмичките камиони во РЕК, и за милионските набавки во здравството, и местените тендери како коруптографијата на Филипче кој потпишува одлука за набавка повисока за 15 милиони од првично понуденото.
Против целата оваа корупција не може да се бори нејзиниот творец – Заев и Љупчо Николовски, чија фирма зема незаконски кеш. Одговорност ќе има и за сите горенаведенј афери и криминали и за Заев и Николовски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.