И покрај налогот од обвинителство, на распитот во МВР не го открив свиркачот кој ми ја даде снимката од тоа како Курто Дудуш киднапира и тепа човек, изјави денеска главниот и одговорен уредник на Економски Лидер Љупчо Златев, откако беше повикан поради објавената снимка на порталот на која се слуша како градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш, киднапира и тепа човек.

Посочив дека сум сремен ако е потребно кривично да одговарам, но изворот не го откривам.
Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој е во буквална љубовна врска со власта, уште еднаш прави притисок врз слободното новинарство – наместо да се гони тепачот, се гонат оние кои објавиле за тепањето.
Јас останувам да се борам за моите принципи!, рече Златев.