Завиткан во црна кеса пронајден е женски труп во Горно Оризари, скопско. Според информациите од полицијата, кесата ја нашол вработен во ЈП „Комунална хигиена“ вчера околу 16 часот.

Сѐ уште нема официјални информации околу возраста и идентитетот на женското тело што вчера е пронајдено во близина на скопското село.

Полицијата го истражува случајот, а телото на починатата е дадено на обдукција. Од полицијата информираат дека досега немаат пријава за изчезнато лице, ниту пак, некаква дојава што би можело да помогне во идентификација на телото.

Според МКД.МК  девојката била убиена, ставена во црна кеса, па фрлена покрај патот. Медиумот објавува  дека се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари.