Започнува реализација на уште едно клучно ветување, важно за граѓаните.Од денеска, се укинуваат квотите на лекови за месец август во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, нашите туристички места, каде во периодот е зголемена фреквенцијата на луѓе.

Ова е првиот конкретен чекор кон целосно укинување на квотите што треба да се случи во следниот месец. Во меѓувреме, се воведуваат дополнителни контроли и се засилува целиот механизам за борба против злоупотреби, вели пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска.

На овој начин се надминува проблемот со недостатокот на лекови на рецепт и се зголемува нивната достапност со цел граѓаните да имаат пристап до лековите преку целиот месец.Наскоро започнува и официјалната  административна процедура на вклучување на сите аптеки во мрежата на здравствени установи и нивно вмрежување.Со тоа се зголемува бројот на аптеки кои ќе нудат лекови на рецепт со што лековите ги правиме лесно достапни за граѓаните.Очекуваме дека во овој период мерката спроведена во неколку општини да даде реален резултат, да се олесни прстапот до лековите, да се лоцираат и отстранат евентуални недоследности и веќе од есенва, квотите во аптеките низ целата држава да бидат укинато.Како одговорна партија продолжуваме со спроведување на мерки и политики коишто го унапредуваат здравствениот систем и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита во интерес на граѓаните.