Доколку би суделе по често повторуваниот шаренашки слоган дека „демократија е кога владата се плаши од народот, диктатура е кога народот се плаши од сопствената влада”, можеме да заклучиме дека во Македонија почна да се раѓа сонцето на слободата. И демократијата, пишува аналитичарот Арсим Зеколи во колумна за Дојче веле.

Поради што домашниот естаблишмент е длабоко престрашен, додека пак граѓаните љубопитно следат од страна, благодарение на педантната НАТО-декласификација на каколот од житото, компромитираното од  доверливото, неодговорното од одговорното. Во рок од неколку недели, чиновите од Алијансата во Брисел јасно и коректно демонстрираат што значи селекција лишена од партиски, етнички, религиски, клановски, „нашедетевски”, круг-елитини, картелски бои. Сумирана во познатата „ни по баба, ни по стриковци”, туку по стандарди кои не прашуваат за пардон. НАТО навистина не е демократски сојуз, но токму затоа, темелниот пристап на селекција според индивидуална одговорност, отчетност и доверливост не е ништо помалку од долго очекуванатилустрација за начинот на кој сериозни институции се справуваат со предизвици. Накусо, непријатните ишарети од Алијансата се непријатни за естаблишментот, но се – верувајте! – ништо помалку од свежо ветре во засмрдениот естаблишмент. Впрочем, и Прибе доаѓа од земја членка на НАТО.

Целиот текст на Дојче веле.