Амбасадорот на Европската комисија во земјава, Самуел Жбогар денеска изјави дека наоѓањето решение за функционално судство е поважно отколку да се добие датум за преговори со Европската Унија.
Мислам дека наоѓањето на решение за функционално судство е многу поважно отколку датумот за отпочнување на преговорите. Мислам дека политичарите и судството прво треба да ја вратат довербата кај граѓаните пред сè. Мислам дека фокусот треба да биде врз тоа. Ако се реставрира таа доверба, сигурен сум дека и ние во ЕУ ќе ја препознаеме и признаеме таа промена“, вели Жбогар.
Тој апелираше политичките партии да продолжат со напорите за да се најде консензус за законот за јавното обвинителство и да се врати довербата кај граѓаните.
Довербата ние во ЕУ ќе ја препознаеме и признаеме“, изјави евроамбасадорот во Македонија.
Comments are closed for this post.