Евроамбасадорот Самуел Жбогар изјави дека нема гаранции дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ во Јуни. Според него унијата се соочува со многу предизвици одвнатре и однадвор. Тој порача дека политичарите во земјава треба да покажат единство.

Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни. Тоа е одлука на земјите членки. Време е да се покаже единство за целта и да се интензивираат напорите. Прво да се почнат преговорите, а второ да се оди напред во преговорите. Ова го потврдија сите партламентарни партии и тоа се очекува од вас и граѓаните. Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Денеска не можам да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни, изјави Жбогар на оодбележувањето на Денот на Европа.