Министерот за надворешни работи Никола Димитров за првпат се појави во јавноста од неуспехот со недобивањето датум за почеток на преговори.

Тој досега се произнесе само на Твитер каде побара ЕУ да биде чесна и да се изјасни дали навистина не сака  во нејзините редови.

Дека Димитров неколку дена се држеше пострана, говори и тоа дека тој вчера иако најавен не се појавил на прославата на Денот на обединетите нации.

Криењето на Димитров траеше до денеска кога тој заедно со премиерот Зоран Заев се појавија на т.н Охридски дијалог.

Како дел од Охридската група се и поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, голем дел на поранешни и сегашни дипломати, чија цел е преку активни решенија да ѝ помагаат на Македонија во остварување на своите евроатлански интеграции.