Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.  Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер. Од денеска се очекува благо покачување на утринските и дневните температури во следните денови.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 10 до 20 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Од понеделник попладне се очекуваат нови локални врнежи од дожд.