Под мотото „За честита Македонија“ во Струга започнува конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател на државата.
Пред Домот на културата во Струга прстигннуваат делегатите кои ќе треба да гласаат за тоа кој ќе биде претседателски кандидат. Атмосферата како меѓу делегатите така и кај кандидатите и сите веруваат дека ќе биде направен вистинскиот избор кој ќе добие широка поддршка како од членството така и од гласачите.
Програмата предвидува сите деветмина од кандидатите да ја претстават својата програма за што ќе имаат на располагање 15 минути, по што ќе следува обраќање на лидерот Мицкоски.
Според партискиот статут за да победи еден од кандидатите во првиот круг потребни се 184 гласа, односно, една третина од вкупниот број. Во спротивно, се организира втор круг со првите двајца, во кој победува оној со најголем број гласови.
Comments are closed for this post.