Со Политичкото Собрание на Европска Народна Партија попладнево стартуваше Конгресот на ЕНП во Хелсинки. Политичкото Собрание го води Жозеф Дол кој што воедно е и Претседател на Европска Народна Партија.

Денес делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Потпретседателот Александар Николоски, Секретарот за меѓународна политика Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика на Претседателот, Тимчо Муцунски учествува и на Политичкото Собрание на Европска Народна Партија.

На Политичкото собрание учествува и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој вечерва и во текот на наредните денови ќе оствари низа билатерални средби со лидерите од сестринските партии.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ сестринските партии ќе ги информира за злоупотребата на институциите за политичкиот прогон преку кој се врши притисок врз сите кои мислат поинаку од криминалната власт, кои исто така Македонија се повеќе ја оддалечуваат од европските стандарди.

На самитот на ЕНП треба да биде избран кандидат за претседател на ЕК, а ВМРО-ДПМНЕ учествува со 4 делегати со право на глас.

На маргините на Политичкото Собрание, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Манфред Вебер Претседател на ЕНП во Европскиот Парламент.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше г. Вебер за актуелните состојби во државата. Мицкоски укажа на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции. Наместо реформи кои би ја придвижиле државата напред, Мицкоски посочи дека секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата како на политички така и на економски план. Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО.