Бугарија направи многу за Република Северна Македонија, толку поголеми нешта стојат пред нас, во октомври очекуваме да почнат преговори со Северна Македонија, бугарскиот министер за надворешни работи толку многу пати се среќава со својот македонски колега.

Ова е одговорот на заменик министер за надворешни работи на Бугарија, Георг Георогиев, на прашањето дали треба да има извинување за тоа што премиерот Бојко Борисов говореше за „северномакедонски“ претседател и„ северномакедонски“ политичари.

Во интервју за бугарската „Канал 3“, Георгиев говореше и за Гоце Делчев, и за него нема дилеми дека револуцинерот е Бугарин.

„Зборуваме за историска личност која е со неспорно потекло и како што Бугарија постојано подвлекува, со потполно неспорна припадност кон бугарскиот народ“.