Бугарија презентирала над 30 страници забелешки за македонските учебници по историја, соопшти вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, како одговор на прашањата на Петар Витанов и Димитар Дончев од левицата во однос на работата на Мултидисциплинарната комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија, соопшти БТА.

Досега комисијата имаше две средби, а третата се очекува да се одржи до крајот на месецов. Разменети се учебниците по историја на меѓу двете држави и на втората средба е направен преглед на учебниците од 6 и 7 одделение во Република Македонија и за нив се презентирани над 30 страници забелешки, рече министерката.

Таа коментираше дека бугарските претставници констатирале сериозни проблеми во содржините. Но, според нејзините зборови, атмосферата во комисијата е конструктивна.

За Бугарија е важно најбрзо да се разбереме за заеднички историски настани и личности, што треба да ги чествуваме заедно, рече Захариева.

Министерката забележа дека очекувањата од работата на мултидисиплинарната комисија се големи.