Во сообраќајна несреќа кај Катланово денеска загина Скопјанец.

Несреќата се случила околу 13 часот на автопатот во правец кон Петровец, по што сообраќајот бил во прекин. Во судирот настрадало 28 годишно момче кое со мотор се удрило во камион и починало на самото место.

МВР ја потврди несреќата.