Овој изборен ден помина во искучително мирна и фер атмосфера, имавме кристално прв чист круг и скандинавски избори, што доликува на идна земја членка на НАТО алијансата и ЕУ, истакна шефот на изборниот штаб на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Александар Кирацовски им честиташе на сите граѓани.

Своето гласачко право граѓаните го искористија слободно на достоинствен и демократски начин , со што покажаа демократска зрелост и одговорност пред општеството и државата.  Позитивната фер и демократска атмосфера што беше одлика и на кампањата продолжи денеска на сите избирачки места  ширум нашата држава . Република Северна  Македонија  спроведе мирни избори, институциите со сите свои капацитети овозможија изборите да поминат  во најдобар ред“, рече Кирацовски.

Тој очекува предност на Пендаровски во првиот круг.

Очекуваме сите учесници во изборниот процес да покажат одговорност и овој ден да финишира во ваква демократска атмосфера .Очекувам така да продолжиме и во кампањата и во вториот круг, како што доликува да избереме претседател“, кажа Кирацовски.