Премиеерот Зоран Заев денеска истакна  дека за процесот со уставни измени е консултирана и грчката страна.

-Знаете дека е консултирана и грчката страна. Тоа не е обврска од Договорот, но во духот на партнерството и пријателството ред е да презентираме што македонскиот Парламент ќе одлучува во периодот што доаѓа, затоа што е тоа нацрт фаза и во текот на расправата по самите уставни амандмани може да се надополнуваат со амандмани. Значи, на јавната расправа и на конечната верзија на амандманите што ќе дојдат.  Верувам дека до петок ќе стигнеме со сите неопходни консултации, истакна премиерот Заев.

Рече дека е во редовна комуникација со грчкиот премиер Ципрас и оти двајцата не очекуваат пролонгирање на процесот, бидејќи, вели, ниту тие, ниту ние, имаме корист од тоа. Колку побрзо се завршат обврските во Парламентот кај нас и кај нив толку побрзо се остава простор за граѓаните да ги видат бенефитите од Договорот