Тоа што немаме жртви во нашата држава, наспроти случајот со Грција и Австралија, укажува на тоа дека системот функционира и со годините е се подобар, рече премиерот Зоран Заев во  „Тема на денот“ на Сител зборувајќи за пожарите.

Системот функционира и секако со годините е се подобар и подобар. Прво, немаме жртви во државата како што гледаме во една Грција, загинаа луѓе што е жално, во една Австралија, на другите континенти исто така има жртви и огромни последици. Системите на помагање на Отворен Балкан, механизмот на ЕУ е наше право да го искористиме затоа што сме членка таму и впрочем стојат на располагање и нашите капацитети и на другите земји коишто ги имаме, изјави премиерот Заев за Сител.

Премиерот наведе дека општинските комисии за проценка се на терен, некои веќе завршија и чекаат седница на Совет да ги усвојат и достават кај нас.

Ние имаме 100.000 милиони денари само за оваа работа во буџетот предвидено. Тоа се традиционално буџетски резерви кај нас за оваа работа, рече Заев.