Мирниот протест против новите рестрикции на Владата за невакцинираните лица беше нарушен со инцидент за време на говорите. Говорник кој започна да зборува за демократијата на Запад и како децата намерно им се земаат на сиромашните, не сакаше да го напушти подиумот откако присутните се побунија дека тоа не е целта на протестот ниту пак нивната порака.

Овие меѓусебни несогласувања ескалираа кога тој не сакаше да го пушти микрофонот, иако останатите го повикаа да се повлече.

Инцидентот може да го гледате на видеото од 11 минута:


Присутните обвинуваат дека се ова се намерно пратени луѓе за да го девалвираат протестот и пораката која сакаат да ја испрат, а тоа е дека овие мерки се нелогични и неефективни, покрај тоа што се дискриминирачки