Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека очекува Македонија да добие датум за преговори летово и оти тоа го заслужуваме бидејќи веќе немаме отворени прашања со ниту еден сосед. Според него, земјата исто така покажала капацитет за спроведувае на реформите.

Нашата цел е ова лето да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Светиме на Балканот, немаме повеќе отворени билатерални прашања со соседите, во финална фаза на усогласување со опозицијата е Законот за јавно обвинителство, очекуваме со одговорност од сите страни да биде донесен во текот на мај и овој закон од правосудните реформи. Покажавме капацитет за спроведување на реформите, за дијалог и за единство, ова се европски вредности и очекуваме ова да биде вреднувано на Самитот на ЕУ во јуни, рече премиерот Заев.