Ангела Меркел, канцелар на Сојузна Република Германија, пристигна во официјална посета на Република Македонија, на денот на нејзината независност-8 Септември.

Меркел беше пречекана пред платото на Влада на РМ со највискои државни почести , по што со нејзиниот домаќин, премиерот Зоран Заев, влегоа во владата на разговори.

Во живо: Свечен пречек на германската канцеларка Ангела Меркел.

Posted by Zoran Zaev on Saturday, 8 September 2018

 

На скопскиот аеродром Меркел беше пречекана од министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Со Radmila Sekerinska, чекајќи ја Канцеларката Меркел! Денес треба да се радуваме. Барем денес, на Денот на независноста…

Posted by Nikola Dimitrov on Saturday, 8 September 2018

 

Ова е прва официјална посета на германски канцелар на Македонија, ако се изземе посетата на тогашниот германски канцелар Гертхард Шредер во 1999 година во време на косовската криза.