Мрежата #Бојкотирам ги повикува граѓаните на голема народна прослава на роденденот на Република Македонија на Школка во Градскиот парк во Скопје со почеток во 17 часот. Од мрежата најавуваат дека ќе има музика, ќе се делат маички со #Бојкотирам како и роденденска торта. За крај порачуваат „Среќен роденден, Македонијо, #Бојкотирам за да не е последен”.

Освен во Градскиот парк, прослава ќе се одржи и пред Собранието, каде ќе се делат маички и ќе се слуша музика, но нема да има торта.

За Денот на независноста на Република Македонија, Владата организира прослава на платото пред зградата на Владата со пригодна културно–уметничка програма. Прослјаавата на Денот на зезависноста на Република Македонија Владата го органзираше на истото место и минатата година.