Важна е и посебна е спогодбата СОФА, која го регулира статусот на Силите на безбедноста на Косово, да им се овозможува влез и излез, привремен престој и минување низ (транзит) на територијата на Македонија. Ова ќе биде корисно за двете држави, бидејќи, како што видовме оваа година, покрај тоа што беа партнер и важен воен сојузник, Силите на безбедноста на Косово можат да им помогнат на граѓаните и во операции на спасување.
Ова е дел од изјавата на премиерот на Косово, Албин Курти, која интегрално ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА во писмена форма под наслов „Курти: Ова е посебна и најважна спогодба со Македонија“.
СОФА спогодбата беше потпишана по заедничката седница на владите на Македонија и Косово, одржана во Скопје, во рамки на вкупно 11. спогодби за соработка меѓу Македонија и Косово на разни полиња, почнувајќи од економијата, безбедноста, меѓуграничната соработка, а вклучувајќи со оваа СОФА спогодба, и на воено поле.
Инаку, Силите на безбедноста на Косово, или како што се нарекуваат таму „Војска на Косово“, се формирани на 1 јануари 2009 година по распуштањето на Косовскиот заштитен корпус. Силите на безбедноста на Косово се наоѓаат во подготвителна фаза во насока на трансформирање како вистинска армија.
Силите на безбедноста во моментов имаат пет илјади активни војници и три илјади резервисти. Повремено добиваат одредено воено вооружување од САД и други држави – членки на НАТО.
Командант на оваа косовска воена формација е генерал-поручник, Рахман Рама.
Comments are closed for this post.