За власта на Заев е нормално да организира попис среде епидемија во која само од почетокот на месец март има над 17 илјади нови заболени и скоро 400 починати од КОВИД-19. Во услови кога речиси сите европски земји ги одложија своите пописи, владата на Заев ќе организира попис со над 15 илјади активни случаи на заразени, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ја турка Македонија во епидемиски неконтролиран пожар, само заради каприц и политички хир. Ова веќе не е статистичка туку политичка операција на Заев кој е тотално одлепен од реалноста. Уште еднаш да предупредиме дека 5.500 попишувачи, ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални, велат од партијата

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ако Зоран Заев е спремен и по цена над две илјади изгубени животи да оди на попис, Македонија не е.