Граѓаните немаат доверба во институциите на Република Македонија кои пак се слепи послушници на криминалот и криминалците на власта на СДСМ. Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство се срам, најголем срам за Република Македонија. Тие се срам кој ги чини многу скапо граѓаните на Република Македонија, обвинуваДимче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Цели две недели слушаат и гледаат, а се прават и глуви и слепи, за шверцот на 100 тони тутун на Деве Баир во време кога Љупчо Николовски беше министер за земјоделие. Практично неколку месеци пред да се повлече од министерската позиција.  Дека се работи за организиран шверц, говори и фактот што увозникот без лиценца за увоз на тутун, кој практично не е увозник, туку е шверцер на тутун е близок до Љупчо Николовски и до градоначалникот на Крива Паланка. Царинските службеници блиски до СДСМ кои го царинеле тутунот противзаконски односно дозволиле да биде увезен во Република Македонија, од обични службеници во Царинската управа сега се унапредени во раководител и заменик раководител на Царинската управа на граничниот премин во Деве Баир.  Молкот за шверц на 100 тони тутун признаен од Царинската управа, јавно признаен внимавајте, спротивно од насоките на фитосанитарниот инспекторат, само докажува дека некој сака да го сокрие целиот овој случај на шверц нормално за да не сноси никој одговорност. Кој ако не некој од високо во власта? Сите претпоставувате кој е тој што сака да го заташка целиот овој случај, порачува Арсовски.

Обвинува дека Антикорупциската комисија и јавното обвинителство се канцерот на системот кој треба да ја врати довербата кај граѓаните и кај институциите.

-Внимавајте не само што се канцер, туку се и голем срам за Република Македонија, на кои им се смеат сите секојдневно заради нивното непостапување, милион случаеви ниту една разрешница. Зошто? За тоа што го штитат криминалот и криминалците од власта. Шверцот и пропуштањето возила преку телефон од страна на власта каде што сведоци бевме лично дека Зоран Заев се јавувал да пропушти возила, стана секојдневие во Република Македонија. Ниту знаеме што се шверцува, ниту што ни влегува секој ден во државата. И внимавајте за сите вакви случаеви каде што има јасен и чист криминал некој еден ден ќе одговара кога ќе се врати правниот систем и ќе сноси одговорност согласно Законите на Република Македонија, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.