Премиерот Зоран Заев со најавата за менувањето на учебниците по географија прави своеглаво газење на историјата на оваа земја, иако им вети на македонскиот народ дека ништо нема да се менува.Наместо да ја менува историјата во учебниците само за да го задржи своето место на политичката сцена во Република Македонија, го повикуваме веднаш да почне консултации со научната јавност во државата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму прашуваат дали е ова обид за уште еднаш бришење на македонската културна посебност?
Во оваа држава постои Институт за историја, постои научна фела, постојат илјадници научно-истражувачки трудови, постои државна архива каде со факти се докажува постоењето на овој народ. Прочитајте барем една страница од небројниот тон страници пишувани на оваа тема, за нештата да ви станат појасни.
Сепак можеле да бидат и емотивни, а кога треба да се преговара од име на целиот народ за нашиот македонски идентитет треба да бидеме рационални.
Ја повикуваме министерката Царовска и нејзиниот шеф, Зоран Заев, веднаш да престанат со менување на македонската историја. Веднаш да престанат со играњето со чувствата на овој народ и конечно да почнат да се занимаваат со реални проблеми. Историските факти не може да се сменат само заради сочувување на функционерската фотеља на Царовска и Заев.
Comments are closed for this post.