Премиерот Зоран Заев присуствуваше на вечерата што за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан, ја приреди Високата претставничка за надворешна работи и безбедносни политики и заменик претседател на Европската Комисија Федерика Могерини, во мисијата на Европската Унија во ОН.

Тој истакна дека само неколку недели остануваат до  октомврискиот самит на Европскиот Совет, кога за Северна Македонија се очекува позитивна одлука за започнување на преговори со ЕУ.

Заев истакнал дека ова е клучен период за нашата земја и дека сите напори се фокусирани на тоа да се задржи позитивниот дух кај сите земји членки на ЕУ за поддршката за Македонија да ги отвори преговорите со ЕУ.

 

По добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 година, низата на последователни позитивни препораки од Европската Комисија и афирмативните заклучоци на Европскиот Совет во 2018 и 2019 година, како и заради остварените и признаени резултати, Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ без натамошно одлагање – се наведува во соопштението од Владата.