Сите партии од коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција, сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата застануваат зад Стево Пендаровски за претседателски кандидат, соопшти премиерот Зоран Заев по средбата во скопскиот хотел Хилтон.

„Се обединивме сите. Застануваме зад Стево Пендаровски, надпартиски кандидат, европски, граѓански, пријател и претседател на сите и за сите граѓани на Република Сееверна Македонија. Стево е човек кој одамна донесе одлука да влече напред, не назад. Ги избра граѓаните. Изразувам голема благодарност за големината надругите наши канидати фаворити Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Никола Димитров, големи луѓе, локомотиви на Владата кој одлучија да одработат за реформите и  дадат предност на надпартискиот канидат Стево Пендаровски“, рече Заев.

Ахмети рече дека анкетите покажале дека Пендаровски ја има довербата и кај Албанците и дека е добро тој да биде заеднички кандидат.

Во недела напладне ќе се одржи Конгрес на СДСМ , на кој ќе се потврди кандидатурата на Пендаровски.