Од Владата излегоа со став како Зоран Заев се најде во друштво на премиерот Спасовски кај Вселениот Патријарх Вартоломеј во Истанбул.

Оттаму велат дека Вартоломеј го поканил Заев уште додека ја извршувл функцијата премиер, а трошоците за патувањето и сместувањето биле подмирени лично од него.

Претседателот на Владата  Оливер Спасовски, во придружба на претседателот на СДСМ Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи  Даријан Сотировски, денеска остварија средба со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул.

Средбата се оствари како резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх ја упати до Зоран Заев додека тој беше премиер. Средбата со Вселенскиот Патријарх се договараше подолг период, а во меѓувреме Оливер Спасовски беше избран за премиер во преодната влада.

Трошоците за патувањето и сместувањето на Претседателот на СДСМ Зоран Заев беа подмирени лично од него-велат од Владата.