Премиерот во заминување денеска пак ја спомена можноста за одложување на изборите кои се закажани за 12 април. Овој пат, како причина Заев наведе тоа што Собранието треба да донесе неколку, како што ги нарече суштински закони.

Евентуално блокирање на донесувањето на суштински закони во Собранието би можело да предизвика одложување на терминот за избори-објасни Заев

Заев треба да си поднесе оставка на трети јануари кога треба да започне со работа техничката влада.