Премиерот Зоран Заев се обрати преку видео-порака по повод последните случувања поврзани со Предлог-законот за јавното обвинителство.

„Сите политички субјекти да ги поддржат решенијата со кои се заокружуваат реформите, за конечен пораз на „заробената држава“, за борбата против криминалот и корупцијата, за општество во кое никој нема да биде привилегиран и амнестиран, порачува Заев.

Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба за правната држава. Но, најголема одговорност има партијата што и донесе неправда на земјата и Мицкоски како прв човек на таа партија. Знам дека вие, граѓаните сте изморени од политички бојкотирање и одлагања и дека барате одлучни чекори. Затоа јас ќе продолжам уште порешително да ја повикувам и убедувам опозицијата да ги поддржи реформите.

Тој вели дека не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран.

„Го охрабруваме Јавното Обвинителство да продолжи, до последно во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата. Ова е време на конечен пораз на „заробената држава“. Ве повикувам сите да ги поддржиме решенијата со кои ги заокружуваме реформите, за подобар живот во овој наш убав мозаик, во ова наше заедничко општество, наведува премиерот Зоран Заев во обраќањето до јавноста“, вели Заев во видео обраќањето.