Антикорупциската комисија констатираше бројни неправилност во работата на Општина Сарај за непостапување ококу дивоградбата на Матка. Затоа ДКСК денеска го затвори овој случај и побара до надлежните кривична одговорност до градоначалникот Блерим Беџети.

Антикорупционерите се јасни дека согласно законот за легализација, платформата на Матка како времен објект не може да биде предмет на легализација.

Со наредбата за отстранување на платформата и градбите постои и забрана за користење на моторни чамци бидејќи се наоѓаат во заштитено подрачје.

Затоа предлагам комисијата да поведе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење за градоначалникот поради тоа што не одговорил на барањата, а до Владата и до министерството за транспорт и врски да дадеме препорака за преземеање на работите од надлежниот инспектор. Исто така предлагаме Кањонот Матка да стане споменик на природата -вели претседателката Ивановска.