Бугарскиот претседател Румен Радев на средба со шефови на специјалните служби побарал да се преземат мерки за да за заштитат Бугарите во Северна Македонија
Премиерот Зоран Заев порача дека државата секогаш знаела да даде одговор на какви било загрижености и не ни треба испраќање какви било разузнавачки служби.
Испраќам силна порака до соседна Бугарија. Гледам дека претседателот Радев свикал состанок, да бидеме внимателни затоа што секогаш сме знаеле да дадеме одговор за која било нивна загриженост, како што и тие знаеле да дадат одговор за наша загриженост. Да не потпаѓаме под какви било инсинуации или неточни информации, секој пат можеме да ги провериме. Ние сме земји членки на НАТО, ние сме сојузници, не ни треба испраќање на не знам какви разузнавачки служби да ги утврдат правата на граѓаните. Таман работа, правата на граѓаните се светост во нашата земја, верувам така е и во Бугарија и во цела Европа“, рече Заев.
Тој, исто така, потсети и дека со Договорот за пријателство и добрососедство двете земји се декларирале за немешање во внатрешните работи на другата земја, но и оти се оди и понатаму – да нема мешање во прашањата за малцинствата.
Се надевам состанокот на Радев е информативен, на кој сакаат да соберат информации од граѓани кои се со бугарска определба и ќе соберат информации ако некаде некои права не се признаени и не се почитувани затоа што, прво, недозволиво е мешање во туѓа земја, ние тоа сме го декларирале во Договорот за пријателство. И не само тоа, во разговорите одиме и понатаму, немешање во малцинствата затоа што тоа се решава при Советот на Европа, преку судот, и тука се решаваат сите тие права. Но, дефинитивно ниту има потреба ниту треба да дојде до судови или слично затоа што кој било граѓанин ако му е ускратено некое право или во најмала рака не се еднакви нивните права со останатите, како институции стоиме на располагање“, смета Заев.
Comments are closed for this post.