Реакција колку да се рече. Така може да се толкува млаката рекција на Владата на изјавата на португалската секретарка која ја шокира јавноста но не и оние најповиканите во власта.

Во владата се уште како да не веруваат на изјавата на Ана Паула Закаријаш  дека јазикот ни бил „северномакедонски“ а и дека бил дел од бугарскиот.

Навистина е тешка дебатата, особено за Бугарија, поврзано е со историјата, културниот идентитет, идентитетот на двете земји и соработката во иднина. Сега, тие работат на еден вид на патоказ кој ќе овозможи да продолжат со работа и Бугарија да добие гаранции дека кога Македонија ќе влезе во ЕУ работите ќе се одвиваат непречено. Македонија имаше и тешки преговори со Грција, паметите дека го променија името на својата земја и навистина е тешко, бидејќи е поврзано и со Бугарија во однос на културата и јазикот. Очигледно е поврзано со тоа дека северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик и со културните димензии на двете земји“-рече Закаријаш во аудио снимката.

Но и ова не е доволно за владата која вели дека доколку изјавата е прецизно пренесена е целосно спротивна на португалскиот предлог.

Во владината реакција за државната  МИА се посочува дека македонскиот јазик е едно од клучните идентитетски обележја на македонскиот народ, меѓународно признаен и кодификуван јазик со своите уникатни специфики, потврден со Договорот од Преспа и запишан во личната карта на  Македонија во Обединетите Нации.

Заев, Димитров и Османи најголеми надежи гледаа токму во португалскиот предлог, но по ова е очигледно дека Порругалија целосно застана на страната на Бугарија и оти од официјален Лисабон не видовме ни декларативна поддршка а камоли конкретни резултати.